четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Армијата прати 20 војници за гаснење на шумскиот пожар над Галичник

Армијата прати 20 војници за гаснење на шумскиот пожар над Галичник

Пожарот што попладнево избуван над селото Галичник е ставен под контрола, објави Месната заедница Галичник на Фејсбук.

– Драги галичани, пожарот е под контрола. Според последните информации, нема опасност за имотите и куќите. Денеска интервенираа НП Маврово, Центар за управување со кризи, Противпожарните бригади од Дебар и Гостивар, амбулантно возило Гостивар, хеликоптер на Армијата на Република Северна Македонија, локално население и екипи и возила на Коњички клуб Шерпа. Вечерва во Галичник имаме гости – специјална единица на Армијата, кои се присутни за поддршка доколку состојбите станат критични и се појави потреба од интервенција. Посебна благодарност до нив!, се наведува во објавата.

Претходно, Центарот за управување со кризи информира дека хеликоптерот на Армијата кој се упати да учествува во гаснењето на шумскиот пожар над селото Галичник, не можел да дејствува заради многу силниот и променлив планински ветер.

Центарот за управување со кризи (ЦУК),сега информира дека вечерва, Армијата пратила 20 војници за гаснење на шумскиот пожар над селото Галичник, по повлекувањето на хеликоптерот заради силниот ветер.

Најнови вести