Очекувањата кои ги имаше јавноста, експертите и политичките актери од реализирање на операцијата „Метла“ по објавата на имињата на новиот владин состав не се реализираа целосно. Напротив за дел од решенијата има критики дека се несоодветни кадри, дека дел од министрите се само прераспределни, а најмногу критики има за преземањето на функцијата прв финансиер на државната каса од страна на премиерот Заев кој се нафаќа да го води еден од најкомплицираните владини ресори, анализира порталот Фактор.
Со политичкиот аналитичар Петар Арсовски порталот прави рекапитулар на досегашните кадровски решенија, за тоа кои се главните предизвици со кои мора да се соочи премиерот Заев за да обезбеди вистински реформи и промени во начинот на кој функционира власта, а со тоа и владеење на правото и раст на економијата со поддршка на реалниот сектор.
Фактор: Познати се имињата на новите владини министри, како и на тие кои добиваат голата или целосно се повлечени од Владата. Дали оваа владина реконструкција ги исполнува очекувањата за најавената метла, што доби и што загуби Заев со ваков список?
Арсовски: Реконструкцијата како што е направена не е преголема, такашто за целосна оценка за промените треба да се почекаат сите преименувања, вклучително директори на јавни претпријатија и владини сектори. Сепак, не се имињата најважни, најважно е дали со реконструкцијата ќе се смени и начинот на практикување на власта, односно дали ќе се бараат повеќе резултати од министрите, дали ќе има систем на одговорности и поефикасно спроведување на владините политики. Без таква промена, и сите функционери да се сменат, новите набрзо ќе почнат да се однесуваат како старите, оценува тој.
Целото интервју на Петар Арсовски прочитајте го на порталот ФАКТОР.