вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Дали во општина Ѓорче Петров, градоначалникот Наумовски повторно ќе вработува само партиски активисти и послушници на СДСМ?

Арсовски: Дали во општина Ѓорче Петров, градоначалникот Наумовски повторно ќе вработува само партиски активисти и послушници на СДСМ?

СДСМ е политичка партија која ги користи последните моменти од својата власт за изигрување на законите и за згрижување на своите партиски активисти полтрони, реагира Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

-Општина Ѓорче Петров е општина која е предмет на силување од страна на СДСМ и градоначалникот Александар Наумовски кој добро и е познат на јавноста од своите настапи во кафеани. Според информациите кои ги добивме од загрижени граѓани, денеска сакаме да ги прашаме институциите и општината кои се нормално под водство на СДСМ, дали огласите за вработување во општина Ѓорче Петров се наместени за луѓе кои однапред се познати и избрани во штабот на СДСМ, а не според квалитетите, и дали некој ќе го спречи ова силување на општината и изигрувањето на законите?-прашува тој.

Денеска во Агенцијата за администрација се полагањата за работните места во општина Ѓорче Петров, а резултатите треба да стигнат наредната недела.

-Затоа прашуваме, дали лицата кои ќе ги презентирам сега ќе бидат лицата кои ќе имаат најмногу бодови на тестирањата и ќе засноваат редовен работен однос во Општина Ѓорче Петров, односно народски познато ќе земат решенија за постојан работен однос? Прашуваме, дали лицето Лепа Ѓорѓиевска Јакимовска, односно жена на личниот шофер на градоначалникот ќе биде вработена како соработник за односи со јавност во општината? Дали лицето Емилија Блажевска – ангажирана скоро 3 години во општината под договор на дело, партиски активист на СДСМ истакнат, ќе биде избрана како Помлад соработник, односно Асистент на градоначалникот? Дали лицето Игор Поповски активист на СДСМ ќе биде вработен како Советник – урбанистички аналитичар? Дали лицето Александра Угринска активист на СДСМ ќе биде вработена со решение како Соработник за нормативно-правни работи од областа на урбанизмот? Дали лицето Ѓурѓица Нелковска – партиски активист на СДСМ ќе биде вработена како Помлад соработник за одржлив развој¬ во Општина Ѓорче Петров? Дали лицето Марија Ѓурчиновска партиски активист на СДСМ, ќе земе решение како Соработник за поддршка за водење на постапки, подготовка на документација за јавно наддавање и администрирање на градежното земјиште во Општина Ѓорче Петров? Дали лицето Филип Гиноски  инаку партиски активист на СДСМ, брат на поранешниот претседател на ОО СДСМ Ѓорче Петров, Александар Гиноски, ќе земе решение како Соработник за документирање на градежно земјиште и водење на постапки по пат на непосредна спогодба? Она што е индикативно е дека сите овие лица кои се партиски активисти на СДСМ, и добро познати на јавноста, односно на лицата од Ѓорче, се и први на тестирањата во Агенцијата за администрација и дека на другите учесници во тестирањето не им бил обезбеден фер и еднаков пристап, за да може еднакво да конкурираат и да бидат вработени согласно квалитетот, а не спорeд партиските заслуги, истакнува Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ порачува дека ова е начинот на работење на СДСМ.

-СДСМ знаат и се исплашени од поразот којшто ги чека на 12-ти април, па затоа брзаат да ги вработат своите партиски активисти. Затоа јавно ги повикуваме како ВМРО-ДПМНЕ, јавноста и институциите да го следат овој случај. Доколку се утврди дека навистина овие ќе бидат лицата кои ќе бидат вработени и одбрани од страна на општината, следејќи го нивниот нефер пристап кон останатите, апелираме да се стопираат вработувањата. Никој не смее на грбот на граѓаните да ги изигрува законите, порачува Арсовски.

Најнови вести