Вечерва во емисијата “Само вистина” на Канал 5 телевизија портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на прашање што очекува од новиот посредник Владо Бучковски кој го постави премиерот Зоран Заев, истакна дека доколку Бучковски бил добар ќе го надминал проблемот со Република Бугарија и тогаш кога бил премиер на Македонија.
-Сакам да потсетам дека наназад константно три години сме лажени, како граѓани како народ дека добиваме датум. И онаа фамозна слика во авионот е само лага за јавноста. Лажени сме од една група луѓе кои очигледно ниту знаат што прават ниту имаат намера да напрват нешто добро за Република Македонија. Лажени сме и дека сите прашања во надворешната политика на македонија со соседите се затворени. Сега гледаме дека тоа не е така. Напротив, имало многу сериозни прашања на маса за кои што пазарџиски тогаш, кој е и принципот на оваа влада, се потпишувале договори, а потоа се договарало “ај ќе го решиме тоа етапно”. Неколку пати потенциравме и јасно кажавме дека Заев и СДСМ ги рушат позициите трајно на Република Македонија. Зоран Заев е единствениот премиер во светот кој нема црвени линии, рече Арсовски.