сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Криминалот на фамилијата Заеви метастазира како канцер во државата

Арсовски: Криминалот на фамилијата Заеви метастазира како канцер во државата

Се наоѓаме пред економската зона Сачево, економската зона која што беше најавена помпезно од Зоран Заев пред 10- тина години каде што Зоран Заев ветуваше 16 фабрики и вработувања за над 2.500 илјади, односно 5.000 нови вработени струмичани и други луѓе од струмичкиот регион. Дополнително како што можете да забележите тука има само трева нема ниту една од најавените 16 инвестиции на Зоран Заев, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Ова е прав доказ за таа огромна нула која што му ја дадоа  германските инвеститори на Зоран Заев , и ова е уште еден доказ зошто економијата во Република Македонија само во првите три месеци од 2019 има 6, 21 % капитални инвестиции. Ова е доказ дека оваа влада е неспособна на чело со Зоран Заев и ова е доказ дека освен личниот интерес и личните фирми и бизниси друго ништо не работат. „Едно евро за Вицето случајот, едно евро за црквата“ е симбол за корупцијата на Зоран Заев и оваа влада. Сите оние пари кои што ги има барано Зоран Заев по едно евро за неговиот брат е симбол како функционира Зоран Заев, како функционираше како градоначалник на Струмица и како функционира како претседател  на Владата. Сега кога Зоран Заев го има во своите канџи Русковска обвинителството и Кацарска судството можевме да видиме дека каде што е жив фатен во случајот за поткуп на еден струмички бизнисмен  беше тргнат целиот случај и Зоран Заев беше ослободен од обвинение, истакна тој.

Арсовски порачува: Мора да признаеме дека Зоран Заев е махер за ваков поткуп и ваков криминал и од оние снимки кои што ги видовме јасно се виде дека на најдрзок начин на струмичките бизнисмени сите оние кои што сакаат да инвестираат во струмичкиот регион да купуваат државно земјиште им бараат по едно евро.

-Тој е криминал од највисок ранг  и еден ден кога ќе се ослободи  судството од канџите на Зоран Заев за тоа „едно евро за Вицето“ ќе одговара онака како што заслужил. 300.000 илјади евра беше баран поткуп и за тој поткуп  можеме да видиме дека беше ослободен. Спротивно на тоа невини луѓе лежат по затвори. Затоа потребно е правда и правдина потребна е правда за граѓаните на Република Македонија, и потребно е Зоран Заев што побрзо да си оди од власт и криминалците да завршат во затвор, истакна Арсовски.

Тој потоа даде изјава  на местото во старата касарна во Струмица, место каде, како што рече, е симбол на злоупотреба на службена должност за лични цели на фамилијата  на Заеви.

-На ова место бизнис партнерот на Зоран Заев односно на фамилијата Заеви – Сашо  Брндевски, купува 18.462 метри квадратни земјиште по цена од 2.300 денари за метар квадратен. Во вредност некаде околу 700.000 илјади евра. Истото тоа земјиште истиот тој Сашо Брндевски го продава на фирмата „Тотал Инженеринг“ за стан, односно за размена на стан од 40 –тина метри квадратни во вредност од 30.000 евра кој што му следува на него за ова земјиште. Уште еднаш може да се забележи криминалот кој што го имаат направено овие луѓе. Остануваат прашањата како токму братот и братучедот на премиерот ја добиле дозволата да се гради на ова место. Дали ги искористиле овластувањата на функцијата на Заеви во 2014 година кога беше градоначалник на Струмица и дали тоа не е конфликт на интереси  и целосна морална дисторзија. Останаа отворени прашањата уште тогаш дали се работи за постапка каде однапред се знаел добитникот на парцелата – тоа е Сашо Брндевски, кој подоцна ја продава на фамилијата Заеви. Под кои услови е отстапено правото на градење од Сашо Брндевски на фамилијата Заеви ,односно Тотал Инженеринг фирмата која што беше вклучена и во превозот на РЕК Битола, прашува тој.

Арсовски оценува дека се уште не е испитано потеклото на парите на Сашо Брндевски кој што купи земјиште во вредност од 700.000 илјади евра на општината. Изјава даде и пред „Глобал“.

-Очигледно е дека криминалот на фамилијата Заеви метастазира како канцер во државата и откако дојдоа на власт уште повеќе го зголемија криминалното дејание кое што го имаа и од претходно. Се наоѓаме пред  Глобал симболот на аболицијата и криминалот на Зоран Заев вредни 8 милиони евра. Тука пред мене е аболицијата со која што тогаш Зоран Заев заедно со неговите бизнис партнери меѓу кои и Горан Крстев е аболициран за криминал вреден 8 милиони евра. Глобал е споменик на аболицијата кој што се уште стои и кој што ги вбројува Зоран Заев како единствен аболициран премиер во целиот свет.  Наспроти тоа ги имаме и „Цареви кули“ кои што со потписот на Зоран Заев се легализирани вкупно 645 метри квадратни подоцна од тоа што требало претходно да  биде поднесено за легализација. „Цареви кули“ и „Глобал“ се симболот за криминалот, за криминалното работење  на Зоран Заев како градоначалник на општина Струмица, порача тој.

Најнови вести