недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: МВР и ЈО молчат за претепувањето во Струмица- Дали го штитат обезбедувањето на Заев?

Арсовски: МВР и ЈО молчат за претепувањето во Струмица- Дали го штитат обезбедувањето на Заев?

Повеќе од два дена МВР и Јавното обвинителство молчат за инцидентот во Струмица и не излегуваат со детали, ниту со пријави, ниту пак со објаснување и разрешница за целиот настан, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Вчера во медиумите се појави сведоштво на претепаниот јавно се огласи на социјалните мрежи, кој јасно и гласно посочи дека бил нападнат од обезбедувањето на Зоран Заев. Како што вели жртвата од видеото, не само што бил брутално претепан од обезбедувањето на Зоран Заев, туку и потоа следел обид за прегазување со автомобил. Скандалозно е исто така, она кое и вчера го говоревме, иако полицијата се наоѓа на стотина метри од местото на инцидентот, според сведоштвото на претепаниот, полицајците биле избркани од обезбедувањето на Заев и не им било дозволено да постапат, вели Арсовски и додава:

„Со ова, МВР и Оливер Спасовски директно ја загрозуваат безбедноста на граѓаните. Наместо полицијата да воведува ред и мир во државата и да се грижи за безбедноста на граѓаните, се случува анархија на чело со луѓе блиски до Заев, која управува и дури со полицијата и кажува каде треба да постапи. Прашуваме уште еднаш: Дали е повикан на разговор во МВР и ЈО обезбедувачот на Заев за кој посведочи и јавно го прозва претепаниот, бидејќи јасно потенцираше дека имало обид за убиство? Зошто Заев, МВР и ЈО молчат повеќе од два дена и се обидуваат да го заташкаат целиот случај? Дали ова брутално претепување е аминувано од Заев, бидејќи според сведоштвото на претепаниот неговото обезбедување го тепало? Дали на овој начин ќе се справува власта и Заев со граѓаните, ќе ги тепа по улици?“.

Според портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, ова е класично насилие, ова е безредие, ова е држава каде што власта и полицијата запленуваат 30 кг путер и се фалат со тоа, а граѓаните јадат ќотек по улица од блиски луѓе до власта.

-За ова мора да има одговорност, а Јавното обвинителство треба да се одважи да стане, да ре разбуди од зимскиот сон, да не спие, да почне да постапува, бидејќи има јавно сведоштво од претепаниот кој се почувствувал немоќен пред институциите. Се додека неказнивоста е пракса, насилието ќе биде присутно на улиците.

Најнови вести