среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Народот нема пари леб да јаде, а СДСМ дели милиони за маркетиншки услуги

Арсовски: Народот нема пари леб да јаде, а СДСМ дели милиони за маркетиншки услуги

СДСМ се единствена власт во светот што во време на корона пандемија делат тендери за организирање настани на институции, кога во цел свет е масовно забрането групирање и организирање настани, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Се даваат стотици илјади евра за маркетинг услуги и организирање настани, во време кога децата немаат компјутери и таблети за да може да ја  следат настава. Лудилото на власта оди дотаму да две маркетинг агенции инкасираат 300.000 евра за само две години, од кои огромен дел за организација на настани во време на корона пандемија, кога замислете луѓето беа затворени по дома. СДСМ се одлепени од земја и не знаат дека обичниот народ живее со 2 евра дневно и дека немаат пари родителите да ги школуваат децата во овие услови, односно да има купат лаптопи, таблети и така натака, додека пак власта дивее и дели пари за маркетинг услуги на свои блиски луѓе, кога реалните проблеми се повеќе земаат замав, истакна тој.

Арсовски потенцираше дека изминативе 3 години се дадени милионски суми во денари и во евра за маркетинг услуги и на маркетинг агенции, што уште еднаш покажува дека оваа влада е сведена само на манипулирање и на гол популизам.

-Примерот со вакво делење на тендери за маркетиншки и евент услуги додека народот нема леб да јаде, мора да прекине и да биде казнето, порача тој.

Најнови вести