Дали органите на прогонот конечно ќе се охрабрат и ќе отворат истрага за криминалите на Зоран Заев, прашува Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Судот конечно потврди дека Зоран Заев како градоначалник сторил криминал во аферата „Цареви кули”. Судот, со одбивање на тужбата за клевета потврди дека сторијата што ја објавија медиумите во 2016 година во која пишуваа дека Зоран Заев како градоначалник на Струмица нелегално го легализирал целиот комплекс „Цареви кули” е поткрепена со докази и аргументи и е целосно вистинита. Објектот „Цареви кули“ е изграден после предвидениот законски рок за легализација, а тоа е 1 март 2011 година, додека пак објектот е легализиран со резервирано бројче од пред законскиот рок, со што е направено законско прекршување, па така објектот кој не бил ниту почнат на 1 март 2011 година, замислете не бил ни почнат да се гради, го заведува Зоран Заев како веќе изграден во општината и го легализира на 3 јули 2013 година после цели 2 години, вели Арсовски.
Тој потсетува дека фотографиите кои ги објави медиумот „Република“ од дигиталната снимка на интернет апликацијата Гугл мапс јасно се гледа дека на 10 март 2011 година објектот воопшто не бил изграден.
-Ова пресуда е најголем доказ кој треба да го охрабри Јавното обвинителство и го повикуваме да не се плаши, да се одважи да ја поведе постапката за овој случај за која е поднесена кривична пријава уште пред 2 години. Оваа пресуда покажува дека „едно евро за Вицето – едно за црквата” е секојдневна навика на Зоран Заев и оваа пресуда исто така покажува дека освен скандали, афери и криминал, Зоран Заев всушност и нема што друго да понуди на граѓаните. Тоа го видовме и сега откако е премиер преку аферите за превозот во РЕК, преку доделувањето дозволи за канабис на негови блиски, преку Криминалните иновации од Фондот за иновации, преку крвавите тендери од Министерството за здравство и преку многу други секојдневни примери што ги гледаме, а алудираат на огромен криминал кој што не се случил досега. Зоран Заев мора да одговара за криминалот кој го сторил додека бил градоначалник. Еднаш органите на прогонот кои се под негова команда го спасија, сега по втор пат потврдија и самите дека сторил криминал и кривично дело за кое мора да одговара по член 353 од Кривичниот законик односно злоупотреба на службена дејност. Ако не сега, ќе одговара кога ќе се ослободи судството од прангите на СДСМ и на Зоран Заев, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Арсовски порача дека на крајот, граѓаните и Република Македонија ќе победат!