четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Помина цела година, а реализацијата на капитални инвестиции е на историско најниско ниво

Арсовски: Помина цела година, а реализацијата на капитални инвестиции е на историско најниско ниво

Лицемерието и неспособноста на владата на Заев секој ден добива уште една потврда. Додека беа во опозиција ветуваа кули и градови, а сега немаат ниту клинец заковано. Впрочем најдобар доказ за тоа е срамното ниско ниво на реализација на капиталните инвестиции. Речиси цела година помина, а од капитални инвестиции нема ништо. После цели 10 месеци нивото на реализација е само со историски најниско, само 32%. Мораа да се покриваат со ребаланс на буџет, па да кратат средства од оваа ставка, но и покрај целата вратоломија што се случуваше тоа ниво е пак срамни 41%., изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој додаде:

„Тоа покажува дека оваа власт цела година нема направено ништо капитално за граѓаните, за стопанството, за економијата. Цела една година потрошија само на матни зделки, тендери во 4 очи, коруптивни грантови, криминални бизниси за лично богатење на криминалниот картел на власт и многу сомнителни зделки. Со други зборови наместо со макроекономија тие се занимаваат со ВИЦЕкономија во која влегуваат плантажите со марихуана на братучедот на Зоран Заев, концесијата за минерални суровини на братот на Заев или пак парцелите за згради на семејните фирми и редица други скандали. За жал од ова граѓаните немаат никаков аир туку единствено имаат за цел трупање на милиони во своите џебови.“

Арсовски потенцира дека оваа влада има интерес за се освен да сработи нешто добро и паметно за својот народ.

Како да нема потреба од училишта, градинки, болници, патишта, улици, канализации, водоводи и милион други проекти кои имаат вистинско капитално значење за граѓаните и за државата.

-Да биде уште пожалосно Зоран Заев ги прави при очи слепи граѓаните, им ја потценува интеленцијата па им вели дека не можат да видат што капитално изградила неговата Влада. Срамно и бедно исто колку и нивото на реализацијата на капиталните инвестиции. Самиот факт што се фалат со само 1 километар локален пат и 100 канти за отпадоци во рок од една година говори дека или немаат идеја, или не знаат или пак уво не ги боли за граѓаните на Република Македонија. Ова мора да престане, колку побрзо, толку подобро за Република Македонија и граѓаните, подвлече портпаролот Арсовски.

Најнови вести