СДСМ како партија и власт да не бара оправдувања и нека ги зголеми платите и да даде поддршка за стопанството, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција поврзано со минималната плата.
– Ако навистина СДСМ сака да ја зголемат минималната плата тогаш да го направат тоа веднаш, а ние ќе ги поддржиме исто како што ќе поддржиме и зголемување на платите во јавниот сектор адекватно на коефициентот на тежината на работните места, рече Арсовски.
Тој додаде дека СДСМ наместо да крадат и прават криминал и парите да завршуваат во приватни џебови владата треба да го поддржи стопанството.
– Бидејќи СДСМ покажа интерес за ставот на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ да не се крие зад лични ставови на поединци туку ги повикуваме да го проследат овој став на партијата, изјави Арсовски.