петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски со повик до граѓаните: Да застанеме на патот на антинародната влада на СДСМ и Заев, да излеземе во среда и да го покажеме нашето незадоволство

Арсовски со повик до граѓаните: Да застанеме на патот на антинародната влада на СДСМ и Заев, да излеземе во среда и да го покажеме нашето незадоволство

ВМРО-ДПМНЕ од среда излегува на антивладини протести на точно една година од, како што велат од партијата најцрниот конструиран процес во кој пратеници, уметници, актери, режисери, оперски пејачи се апсеа за измислен тероризам.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски во вестите на Сител телевизија ги повика граѓаните кои се револтирани од антинародната власт на СДСМ да излезат во среда и да го искажат својот револт и незадоволство, односно како што рече тој овој протест е поради политичкиот прогон на 30-тмина лица кои се обвинети за наводен тероризам за настаните од 27-ми април.

Навршува точно една година од најголемиот политички прогон кој што се креираше од страна на СДСМ во историјата на Република Македонија каде што беа апсени над 30 луѓе кои што се најдоа на 27-ми април во Собранието. Би искористил прилика да ги поканам сите оние граѓани на Град Скопје кои што се чувствуваат револтирани и кои што не ја чувствуваат оваа власт на СДСМ за народна да ни се придружат, вели портпаролот Арсовски.

Најнови вести