недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Заев е кукавица кој бега од дебата, затоа што ќе треба да даде одговор за сите криминалии кои ги прави

Арсовски: Заев е кукавица кој бега од дебата, затоа што ќе треба да даде одговор за сите криминалии кои ги прави

Зоран Заев кој зборот дебата не го вадеше од уста, сега бега од дебатата како ѓавол од темјан. Зоран Заев избега од дебатата на која го повика нашиот Претседателот, Христијан Мицкоски. Заев е кукавица кој за фотелја потпиша капитулација на Република Македонија. Всушност Зоран Заев е Премиер со зајачко срце, ова денеска на пресконференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова доволно говори дека Зоран Заев не сака да се соочи со граѓаните и дека не сака да одговори на прашањата кои граѓаните секојдневно ги поставуваат. Ова доволно говори дека Зоран Заев бега од Претседателот Мицкоски затоа што ќе треба да даде одговор за сите криминалии кои ги прави оваа Влада на СДСМ во моментов. Премиерот со зајачко срце не го пуштаат на дебата затоа што ќе треба да одговори зошто тендер од 35 милиони евра беше даден на фирма регистрирана само неколку месеци претходно? Заев не го пуштаат на дебата затоа што ќе треба да одговори зошто Испитниот центар за полагање за возачки дозволи е даден на дете од 26 години кој отворил фирма неколку дена пред огласот? Зошто се префрлаат тендери и пари од ќерката директор на таткото бизнисмен? Заев ќе треба да одговори кој ги зема милионите евра од учебниците што им доцнат на учениците? Заев бега од дебата затоа што ќе треба да одговори зошто се даваат 670.000 евра за цвеќиња, а нема пари за лечење на деца во странство и деца кои што се заболени од ретки болести?, прашува Арсовски.

Тој додава дека Заев ќе треба да одговори колку е заработката на брат му Вице Заев од превозот и транспортот во РЕК Битола?

-Заев ќе треба да одговори колку време ги смислуваа криминалните иновации кај нив во партија и Владата преку кои испумпаа милиони евра преку нивни блиски функционери и нивни блиски роднини? Ете затоа што Заев е фатен жив во тешки криминалии и бизниси, затоа бега од ТВ дуел со Претседателот Мицкоски. Бега затоа што бегањето му е единствен спас од целата оваа ситуација, но факт е дека еден ден кога ќе заврши целото ова лудило, нема да избега од судот кој ќе е независен и нема да е во прангите на Заев и СДСМ, и ќе одговара за сите овие работи кои што ги прават сега во моментот, заврши Арсовски.

Најнови вести