Пробните балони на Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски, се тоа кое што Зоран Заев всушност го договара со соседна Бугарија. Заев планира и спроведува демакедонизација на се што е македонско во Република Македонија. Едноставно, обезличување на идентитетот, јазикот, историјата, народот, нацијата, државата и се она кое што не прави горди Македонци, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Документот објавен во медиумите од филолошкиот факултет „Блаже Конески“, ги потврди тврдењата на Претседателот на МАНУ, господин Коцарев и професорката Котеска, дека Зоран Заев на најдрзок и најбезобразен начин преку своите инсталации сака да ги укине македонските катедри за македонска книжевност и македонски јазик. Со ова Зоран Заев сака да го обезличи и осакати македонскиот народ, укинувајќи му ги катедрите по македонски јазик и македонска книжевност, вели тој.
Арсовски оценува дека намерата да се укинат катедри за македонски јазик и книжевност значи целосна капитулација на државата и народот, со што директно остава простор да се избрише македонскиот јазик од официјален јазик.
-Ова значи целосна демакедонизација на македонскиот народ и држава, во насока на изјавите на Бучковски и Георгиевски кои пак се аминувани од Заев дека немаме сопствена историја и јазикот ни е вештачки, што е спротивно на реалноста. Лудилото на власта и Заев е веќе повеќе од очигледно, а ние ја повикуваме јавноста будно да ги следи делувањата и изјавите на оваа тројка Заев, Бучковски, Георгиевски, и секогаш кога ќе има опасност за идентитетските прашања заедно со нас бурно да реагира, вели Арсовски.