понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Законот за Специјално обвинителство кој го поднесува Заев не е со искрени намери, деновиве ќе излеземе со конкретни предлози во однос на нашиот

Арсовски: Законот за Специјално обвинителство кој го поднесува Заев не е со искрени намери, деновиве ќе излеземе со конкретни предлози во однос на нашиот

Во однос на забелешките на постојниот Закон за Јавно обвинителство којшто го предложи Зоран Заев, односно власта што го предложи до Собранието, од моите информации од внатре од Собранието се уште не е стигнат во Собранието предлог текстот. Но, во однос на забелешките се уште се вршат анализи, така да во најкус можен рок во некој од следните денови ќе излеземе детално со забелешките на нивниот. Во меѓувреме фокусирани сме на финиширање на нашиот и ќе излеземе со конкретни предлози во однос на нашиот, а во делот за одбивањето на Вилма Русковска тоа е веќе добро познато и која е причинита и нејзината поврзаност со власта, така да очекувајте во некој од следниве денови да излеземе со конечни забелешки и конечни предлози.

Ова го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски одговарајќи на прашањето- Дали го добивте во последната верзија Законот за обвинителство што излезе од Влада и ако може некои посодржински забелешки? Што од предлогот кој вие го најавувавте во предлог закон за Јавно обвинителство?

На прашањето: Кога вие ќе имате ваш предлог и овој владиниот, ќе го поднесете и вашиот во Собрание или ќе одите преку амандмани?, Арсовски одговара:

„Ќе почекаме да се завршат анализите, да ги видиме сите забелешки односно колку е спротивен нивниот предлог со нашиот, па потоа ќе излеземе и ќе ги кажеме нашите конкретни постапки во однос на донесување на законот“.

Прашање: Доколку ве повикаат на консултации во рамки на Собранието, во рамки на пратеничките групи дали ќе прифатите основа да биде овој закон?

Одговор: Видете, како што реков да не прејудицираме однапред кој закон би бил основа за носење на законот за Специјално обвинителство, веќе неколку пати имаме кажано дека овој закон кој што го поднесува Зоран Заев веруваме дека не е со искрени намери. Туку можеби е закон кој што ќе сака на некој начин да се амнестираат тие како влада. Така да почекаме сепак уште ден, два да завршиме со анализите и веднаш потоа ќе ги знаеме сите чекори следни кои што ќе ни следат за носење на законот.

Најнови вести