Фејсбук страната „Асоцијација на специјализанти и млади лекари- АСМЛ“ преку статус велат дека „лудилото не завршува тука, нов ден, нова непромислена одлука на Фондот за здравствено осигурување на Македонија откако информираше дека од 1 октомври подигање на лекови ќе се врши само со рецепт и лична карта/пасош“.
Инаку со оваа одлука јасно се алудира на граѓаните дека нема да можат во иднина да земат лекарства од аптеките за болни роднини.
Осигурените лица од 1. октомври годинава ќе можат да ги подигнуваат лековите во аптека само врз основа на рецепт и документ за лична идентификација (лична карта или пасош), соопштија попладнево од Фондот за здравство.
До тој период, на сила се постоечките позитивни прописи, со кои пропишување на лекот кај избраниот лекар како и постапката при издавање на лекот во аптеката се врши со здравствена легитимација заедно со личен идентификациски документ на +осигуреното лице (лична карта или пасош) при користење на здравствени услуги на товар на Фондот, односно до 1 октомври 2019 година.
Тоа би значело дека болните ќе мораат сами да одат до аптека да ги подигнат потребните лекарства, односно во нивно име нема да може никој да ги подигне.