Како што доаѓаат постудените денови, така се менува и нашата исхрана. Во овој период треба да обрнеме внимание што внесуваме во организмот бидејќи помалку сме физички активни, па затоа нѝ е потребна здрава храна која брзо се вари.
Една од таквите е и гранолата, која можете да ја подготвите дома за само 20 минути.
Потребни состојки:
– 200 гр. ‘ржани снегулки
– 200 гр. овесни снегулки
– 1 шака бадеми и лешници
– 1 шака семки од сончоглед
– 1 лажица ленено семе
– 3 лажици мед
– 1 лажица кокосово масло
– 3 лажици вода
– 200 гр. помешано суво грозје, суви кајсии и суви сливи
Начин на подготовка:
Вклучете ја рерната, а тавата во која ќе ја печете гранолата обложете ја со хартија за печење.
Лешниците и бадемите исечкајте ги на покрупни парчиња и помешајте ги во садот со снегулките, семињата и сувото овошје. Добро промешајте и префрлете ги во тавата за печење.
Потоа помешајте ги „мокрите“ состојки: медот, истопеното кокосово масло и водата и прелијте ги врз сувите состојки во тавата. Промешајте и ставете да се пече.
Печете до 25 минути додека гранолата не добие златна боја. Во текот на печењето промешувајте неколку пати за да не загори.
Кога ќе ја извадите гранолата од рерна, оставете целосно да се излади, а потоа искршете ја или исечкајте ја на поситни делови и складирајте ја во тегла. Можете да ја консумирате со млеко или јогурт.