Дали обвинителката Вилма Рускоска ќе ја повика Радмила Шекеринса да одговара за противправно влијанија врз членнови на ДИК откако Шеќерим Ахмети, познат како Ел Чека, објави нова бомба преку социјалните мрежи на која се слуша гласот на вицепремиерката и втор човек во СДСМ и нејзините упатства за функционерот на ДУИ Фатмир Бесими како член на ДУИ во ДИК да го искористи неговиот „одлучувачки глас“ и да гласа за локалните избори во Државната изборна комисија.
Се работи за експлицитно договарање гласање во ДИК, за што Основното јавно обвинителство има практика да отвора случаи. Конкретно, во ваков случај, за исто дело правосилно беа осудени Сашо Мијалков, Мендух Тачи, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев во случајот „Титаник 2“.