сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ковачевски и го честита изборот на Шеќеринска за потпретседател на Партијата на европски социјалисти

Ковачевски и го честита изборот на Шеќеринска за потпретседател на Партијата на европски социјалисти

Премиерот Димитар Ковачевски на својата официјална страница на фејсбук и го честиташе изборот на поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска за потпретседател на Партијата на европски социјалисти.

Честитки Радмила! Изборот за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) е голем успех и убава вест за земјата и за сите македонски социјалдемократи! Особено што ова е прв пат ПЕС да избере на таа позиција – потпретседател, личност која доаѓа од земја која се уште не е полноправна членка на ЕУ! Благодарност до ПЕС за поддршката и за одлуката! Радмила Шекеринска е вистинскиот избор!“ напиша Ковачевски.

Најнови вести