недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

АВМУ со остра осуда за вчерашните напади на новинари на протестот за „Монструм“

АВМУ со остра осуда за вчерашните напади на новинари на протестот за „Монструм“

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува нападот и попречувањето на работата на новинарите за време на вчерашните протести против пресудата за случајот „Монструм“.

Секој вид на напад на медиумските работници, без разлика дали е вербален или физички, како и секое попречување на нивната работа, претставува загрозување на слободата и правото на информирање и се апсолутно неприфатливи. Агенцијата апелира на медиумските работници да им се овозможи слободен, непречен и безбеден пристап до сите настани, особено до оние од јавен интерес, велат од АВМУ.

Најнови вести