И годинава ќе има традиционална централна прослава на Бадник во дворот на Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје.
Ветераните Мојсо Мојсовски и Ванчо – Иве Стевков се овогодинешните кум и здравичар, додека како почит и пиетет кон Марко Илковски кој починал, неговиот внук кој го носи неговото име ќе биде синоним на младоста и продолжувањето на традицијата на членување и работа на бадникарите за продолжување на убавата традиција започната во 1993.
Претседателот на Одборот за традиционална прослава – Бадник, Ангел Георгиевски, информира дека Здружението годинава слави 30 години.
Покната е отоврена за сите скопјани да дојдат и масовно со добра мисла и убав збор да се прослави денот предвесник на Христовото раѓање – Божиќ.