вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Македонски собитија и муртински жалопојки

Македонски собитија и муртински жалопојки

Пискотници се слушаат од Муртино до Виена,

Што тешка несреќа ги збра,

И заевистанци и мерковци, та гласи тажна ека,

И навева сал коб и зла?

И во крешчендото на овие антисердарски лелеци, жалопојќи, врисоци и кукања, се јави Црпко. Навистина се јави, од Халкидики де. Ѓоамити муртинска бапчорка запишти полиглотот, небаре пробушена вувузела. Непребол…

Сето ова се „дешава“ кога престолонаследникот му Таче преку ступини примери – дека ако тој бил на црна листа ќе си дал оставка, така понизно и коленичарејќум со горостасно АМАН го моли и кандисува „црнолисташот“ Мерко да си даде отказ, а суфлерот Ахмети се гази од смеење на маките кои му ги предизвика на послушниот ајван-коалиционер. И како „тонч“, во целата трaгикомедија се јави и Црпко. Удрен по честа и угледот?!?! Ок, поверојатно вонземјани играле пајдушко со Јети, Бигфут и Алма придружени од појот на Неси крај Лох Нес.

Во термин кога неговиот престолонаследник е ставен меѓу два камена – првиот на најстратешкиот партнер со црни листи и колицискиот „ала ДУИ“ со црнолисташи кои живот и кариера му значат, Црле наместо да го спасува суртукот Ќуран кој сам го намести, плачеше и корнеше коси заради обидот да му се одземе дел од незаконски стекнатите милиони…

Дилајлата која ја ничкоса Македонија на колена и која распродаде се’ што не треба, покажа дека имала став и знаела да каже НЕ! Цццццц… Замисли, тоа да ти се „десило“ кога еден австриски амбасадор му брцнал во џебот. Оти, поинаку, Муртинхаузен не реагирал. Може име на држава насила да ти смени, може да донесе непотребна двојазичност, може чета невини Македонци да стави во зандани, може Македонија да ја заложи кај командантот Алија, може да ве умре со лошо здравство, да ве сроза со крш економија, може да ви продаде светци, револуционери и историја, да ве срами до утре сабајле, ама не му чепкајте во џебот, тоа е опасна зона за Црле, таму не! Но пасаран!

Во исто време кога внучето на комадантот купуваше милионски бизнис-центри, небаре се работи за барака во Прдејци, а Груби пројавуваше садистичка нежност кон антикорупцијска терајќи ги јавно во ПМ, основоположникот на северната лакрдија кукаше и се закануваше со тужби за „повреда на честа и угледот“?!?!?!

Која чест и углед, побогу? Се запраша Македонецот.

И додека дознававме дека ЗоЌи имал чест и углед, кои успешно ги криел правејќи ги сите горенаведени глупоштии кон Македонија, Ќуран спремаше нов скандал и дефокус за да протне уставни измени на мала врата, да забошоти Бехтели, Енки и други антимакедонски сенки. Сенки кои сериозно надвиснаа над библиската земја, толку вкусна за армијата стрвинари од северниот сој. Род ли беше…

Знаат северните дилајли и нивните странски стартези што најмногу го боли Македонецот. Семејството. Па удрија таму, каде што најмногу пече, боли и жега. Си имаат пустите добра ука од дедовците во УДБА и ОЗНА.

Отворете очи. Ширум. А не е на одмет и да излезете на улица, пред Соборен ли. Нешто грдо се подготвува во и за Македонија. Лето е. Време кога, од искуство, одродите најдобро функционираат. Работната температура за предавства е постигната. Таксират северен, ситно бројат, не можат да стојат, а задачата за која се поставени е несработена.

Очекувајте вклучување на одрод-турбо на најјако.

Македонија е вечна, да, но не е на одмет и ние да направиме нешто за да остане таква…