среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бајден ќе ја номинира Анџела Агелер за амбасадорка во Македонија, веќе знае да зборува македонски

Бајден ќе ја номинира Анџела Агелер за амбасадорка во Македонија, веќе знае да зборува македонски

Белата куќа објави список со имиња кои претседателот Џо Бајден планира да ги номинира за амбасадорските места на САД во неколку држави, меѓу и за Северна Македонија.

Доколку биде потврден предлогот на Бајден, на местото на актуелната амбасадорка Кејт Мери Брнз, треба да дојде Анџела Прајс Агелер. Станува збор за дипломатка од кариера која последно служеше како заменик-шеф на мисијата во амбасадата на САД во Пакистан.

Одреден период од својата кариера таа веќе поминала во Скопје, каде работеше како службеничка за односи со јавноста во американската амбасада. Во нејзината биографија објавена од Белата куќа пишува дека од странски јазици зборува француски и македонски, како и малку хинди (официјалниот јазик во Индија).

Агелер работела како советник за односи со јавноста во амбасадата на САД во Париз, Франција, а била и на дипломатски задачи во американските амбасади во Буркина Фасо, Унгарија, Виетнам, како и во конзулатот во Ченај, Индија.

Таа работела и како заменик-помошник државен секретар за печат и јавна дипломатија во Бирото за печат и јавна дипломатија, портпаролка на Бирото за конзуларни прашања при Стејт департментот итн.

Идната амбасадорка е мажена за високиот службеник за надворешни работи, Брајан Агелер со кого има ќерка Меделин која работи како новинарка во Њујорк.

Најнови вести