Професорите на Економски факултет Бобек Шуклев, Драги Јанев и Славе Ристески денес од судот беа прогласени за виновни поради примање на поткуп, а Драган Денковски беше осуден за давање на поткуп.
Шуклев е осуден на казна затвор од 2 години за примање на поткуп, Јанев за секое кривично дело по 2 години (за примање поткуп и примање награда), па му беше изречена казна од 2 години и шест месеци.
За обвинетиот Драги Јанев судот кажа дека исто како Шуклев барал сексуални услуги од студентки за да пише преодни оцени.
Обвинетиот Ристески исто така доби казна од 2 години и шест месеци, односно по 2 години за секое кривично дело.
Драган Денковски доби казна затвор од по 10 месеци за секое кривично дело, па му беше изречена алтернативна мерка која нема да се изврши доколку обвинетиот за 5 години не го повтори делото.
Обвинетиот Стојан Дебарлиев беше ослободен од обвинение за злоупотреба на службена должност.
Судот на обвинетите професори им изрече и мерка забрана за вршење на професијата во времетраење од 10 години, а на Денковски во траење од 5 години.
Предметот е отворен во јуни 2016-та година. Професорите се сомничат дека барале и примале поткуп од 500 до 1.000 евра за да им пишат преодна оценка за положен испит на студенти без знаење.