Министерот за здравство, д-р Беким Сали утре (петок, 28.01) во 13 часот ќе се вакцинира со трета доза вакцина против коронавирус, во рамки на заедничката акција со студентите на Медицински, Стоматолошки и Фармацевтски факултет.
Станува збор за иницијатива на студентите од овие факултети, во насока на промоција на имунизацијата како најдобра јавноздравствена превентивна мерка.
Настанот ќе се одржи во просториите на Економски факултет при УКИМ, со почеток во 13 часот.