понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Бектеши: Посветени сме на плановите за енергетска диверзификација и независност на енергетскиот сектор

Бектеши: Посветени сме на плановите за енергетска диверзификација и независност на енергетскиот сектор

Целосно ги поддржуваме геостратешките пристапи за енергетска независност и безбедност во целиот регион. Под водство и тесна соработка со нашиот стратешки партнер САД посветени сме на плановите за постигнување на енергетска диверзификација и независност во енергетскиот сектор, истакна министерот за економија Крешник Бектеши, кој во рамки на официјалната посета на Соединетите Американски Држави се сретна со водечки личности во Белата куќа и во Стејт департментот.

На средбите, како што соопшти Министерството за економија, една од најважните теми била енергетската безбедност во регионот.

-САД и Северна Македонија се посветени на зајакнување на партнерството во транзиција и производство на обновливи извори на енергија, напиша бектеши на својот фејсбук профил.

Најнови вести