петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Бектеши убедува дека масло за јадење има, но да не се купува во големи количини?!

Бектеши убедува дека масло за јадење има, но да не се купува во големи количини?!

Министерот за Економија Крешник Бектеши во своето гостување во „Топ тема“ на Телма телевизија изјавио дека масло за јадење државата има доволно, за денеска од министерството со кое раководи да излезат со соопштение во кое повторно велат дека масло имаат, но ги повикуваат истите да не купуваат во големи количини.

Тој истакна дека производителите на масло за јадење во државата имаат доволно залихи и суровини и во континуитет и непречено се одвива снабдувањето со суровини за производство на масло за јадење,

-Граѓаните купувааат масло за јадење непотребно а со тоа ја зголемуваат и побарувачката за два пати повеќе од минатата година, а ние неколку пати укажавме дека со тоа ја влошуваат состојбата и влијае на цената. Во делот на зејтинот, денес имав можност да разговарам со сите производители и повеќето национални ланци на трговци на нашата држава, каде што се утврдени некои работи заради тоа што нема масло за јадење во рафтовите. Треба да се каже јавно, дека побарувачката од страна на купувачите е зголемена повеќе од два пати од просечната, од тоа што била минатата година и од тоа што била во претходните месеци, што значи дека се купува масло за јадење непотребно и тоа сум го кажал во неколку наврати дека може да ја влошува состојбата и да влијае и во цените на маслото за јадење”, ража Бектеши.

Бектеши апелираше до граѓаните да не прават големи залихи поради страв од недостатоци, посочувајќи дека според податоците на Заводот за статистика, едно просечно семејство во Македонија може да потроши најмногу 3 литри масло за јадење. Според министерот Бектеши, засега нема потреба од активирање на резервите, ниту на нафетните, ниту на стоковните, но ако има дополнителни ценовни шокови во делот на инпутите, Владата е подготвена да донесе дополнителни мерки за да го ублажи ударот.

-До овој момент нема потреба да се пуштат државните резреви и во делот на нафтата и стоковните зашто во континуитет има снабдуцвање со репроматеријали и суровини. Производителите велат дека имаат доволно залиха, а во делот на цената преземаме мерки. Ако е потребно и ако има дополнителни ценовни шокови во делот на инпутите, ние сме подготвени да донесеме дополнителни мерки за да го ублажиме ударот, истакна министерот, дополнувајќи дека се очекува оваа недела да се укине забраната за извоз на српско масло, кажа Бектеши.

Денеска од друга страна пак од министерството за Економија со кое раководи токму Крешник Бектеши информираат дека масло за јадење имало, но во истото ги повикуваат трговците доколку некој сака да купи поголема количина сончокледово масло за јадење, веднаш да го известат Државниот пазарен инспекторат.

Имено, како што објавија од мминистерството за Економија од 13.04.2022 година на секој поединечен купувач кој ќе купува масло од сончоглед за јадење во трговските објекти, во текот на денот ќе биде ограничена продажбата на мала количина во единечно пакување. Се препорачува да не се дозволува продажба на масло од сончоглед за јадење во големи количини односно количини пакувани во пакети, објави министерот за економија Крешник Бектеши.

Министерството за економија во текот на вчерашниот ден достави известување до сите трговци со кое ги известува дека поради поради значајниот пораст на купување на масло од сончоглед за јадење од страна на домашни купувачи во однос на редовната потрошувачка на маслото од сончоглед за јадење во домаќинството, како и странски купувачи, со што се нарушува редовното снабдување на домашниот пазар.

За да се одржува тековната состојба на домашниот пазар со масло од сончоглед за јадење во продавниците и да се избегне пореметувања од непотребна појава на недостаток на масло од сончоглед за кај трговците на мало, ограничувањето по купувач ќе важи до 31 мај 2022 година.

Се замолуваат трговците на мало во случај кога купувач бара да купи поголеми количини на масло од сончоглед за јадење во текот на денот, веднаш да го известат Државниот пазарен инспекторат.

Од ваквите изјави на министерот и денешното соопштение од министерството под негова надлежност може да се свати дека во државата нема доволно количини на масло за јадење и всушност затоа се воведува и повикува на забрана на продажба на поголеми количини на истото.

Најнови вести