понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бектеши – Улман: Има уште простор за унапредување на соработката меѓу Македонија и Швајцарија

Бектеши – Улман: Има уште простор за унапредување на соработката меѓу Македонија и Швајцарија

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Швајцарија во земјава, Вероник Улман, на која и посака многу успех во вршењето на новата должност и се заблагодари за досегашната поддршка која што државата ја добива од швајцарската Влада.

– За време на состанокот разговаравме за нашите активностите што ги превземавме за поддршка на граѓаните за време на кризата, како и мерките за справување со енергетската криза која што ја зафати Европа и светот, наведе Бектеши во објава на Фејсбук.

Тој посочува дека двете земји имаат традиционално одлична соработка, за што и со амбасадорката Улман се согласивме дека има простор за унапредување.

– Уште еднаш ги потврдивме заедничките заложби за продолжување на комуникацијата во насока на подобрување на економските релации на нашите земји и изнаоѓање на најсоодветни решенија за економски развој, додава Бектеши во објавата. сп/

2022-07-22 20:15:54, од Сашко Панајотов

Најнови вести