Професорот Тито Беличанец кој е голем поддржувач на Заев и СДСМ пораба суспензија за Борко и Стоилов, но и за целата ракометна репрезентација…
Инаку на видео снимката може да се види дека сите македонски ракометари ја пеат „Бисер Bалкански“ што значи дека фанот на Заев бара и за нив суспензија.
Мегафонот на Заев и СДСМ, Саше Ивановски-Политико побара забрана за спорт за Столе Стоилов и во својот текст на Мактел го нарече свиња и куче.
-Не само што на Столе Стоилов треба да му се одземе националниот дрес, туку треба и целосно да се забрани да се бави со професионален организиран спорт. И целосно го разбирам бесот на албанските граѓани, новинари, активисти, тие имаат целосно право да возвратат на овие свињарии на вмровското националистичко куче, Столе Стоилов. А Столе, ако сака да биде националистичка свиња, нека се бави со ракомет аматерски, и во потоа на социјални мрежи нека манифестира вмровштина колку што сака, тоа демократски треба да му биде дозволено, пишува Ивановски во текстот на Мактел.
Инаку додека Македонија ја остваруваше првата победа над Јапонија во петокот, во македонското Собрание беше изгласана промена на името, а тоа ги налути ракометарите, а најмногу Стојанче Стоилов кој јавно искажа револтот.
-Ментално нестабилни сме сите у државава што дозволуваме вака да ни прават !!!
Срам да ни е на сите….
За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА !!!
Освен ракометарите, познатата македонска песна ја пееја во минатото и одбојкарската репрезентација на Македонија која ја оствари посакуваната цел и преку квалификации за првпат во историјата се пласира на едно Европското првенство (ЕП). По средбата во СРЦ „Кале“, одбојкарите не издржаа, пуштија солзи-радосници и виеја оро додека во позадина ечеше познатата „Бисер Балкански“…
Исто така освен ракометарите и одбојкарите во минатото истото го направија и младите фудбалери на Македонија У-21 кој пласманот на Европското првенство го прославија со стиховите на песната „Бисер Балкански“
Инаку „Бисер Балкански“ во 2000 година беше прогласена за песна на векот во Македонија, а беше испејана од Гоце Николовски.
Песната за прв пат била испејана на „Фолк фест Валандово“ во 1990 година и беше прогласена како победничка песна. Текстот е на Јован Павловски, а музиката на Хилми Билбил, додека аранжманот на Т.Таневски.
По самата изведба песната стана голем хит и беше прифатена од македонскиот народ ширум земјата и светот.