вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Беличанец: Заев ми кажа да не ги напаѓам Бугарите, а продолжи да го навредува ВМРО-ДПМНЕ

Беличанец: Заев ми кажа да не ги напаѓам Бугарите, а продолжи да го навредува ВМРО-ДПМНЕ

Тито Беличанец, пуленот на СДСМ и Зоран Заев преку статус на Фејсбук пишува дека го прифатил повикот на Заев и ги избришал постовите во кои ги навредува Бугарите, но јавноста прашува дали по тој повик добил и насоки да го напаѓа ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата Христијан Мицкоски?

Имено по неговото прифаќање да не ги напаѓа Бугарите, тој јавно го нападна Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук.

-Се дичиме со вас премиере Заев! ВМРО гредајте и радувајте се на вашиот премиер и споредете го со ликот и делото на Мицкоски и споредете кој и што претставува во ЕУ и колку придонесува за државата Македонија, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Но, Беличанец не застанува тука со фалбите на Заев откако му забранил да ги напаѓа Бугарите, тој потоа исто така го пофали Заев пишувајќи дека граѓаните на земјава имаат среќа што ве имаат за премиер.

 

Инаку и идеологот на СДСМ, Бранко Тричковски неодамна со својот морбиден говор на омраза ја шокираше јавноста.

Тој досега иако  многупати ја шокираше целата јавност, освен партијата чиј гласноговорник е – СДСМ. Ниту еднаш од челниците на оваа партија не слушнавме осуда за тоа што Тричковски го кажува, а уште помалку видовме Обвинителството да превземе нешто или ЗНМ да биде непристрасно.

Бранко Тричковски минатиот месец јавно порача дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заслужува да УМРЕ!

Неговиот морбиден статус на Фејсбук го пренесуваме во продолжение:

Погреб

Што ќе се случи ако од Ковид 19 (или 20, сеедно), умре Христијан Мицковски?

Погреб!

Брејкинг њуз на Алфа и Телма.

Трогателно читање на телеграмите со сочувство од Заев, Груевски, Мане Јаковлевски, Митко Јанчев.

Ненадоместлива загуба.

Нека почива во мир.

Во рајскиот свет без вонредни конгреси и оставки.

На чист воздух.

Без мафија.

Македонија ќе влезе во Европската унија и ќе го оствари идеалот за кој тој го положи својот живот на олтарот на Татковината.

Со се Гоце, да нема недорабирања.

Христијан тоа го заслужува.

Вечна му слава

Хахаха!

Па, тоа не е малку, драги мои.

Воопшто не е малку!

Погреб

Што ќе се случи ако од Ковид 19 (или 20, сеедно), умре Христијан Мицковски?
Погреб!
Брејкинг њуз на Алфа и…

Posted by Branko Trickovski on Friday, October 30, 2020

Најнови вести