Изјавите на премиерот Димитар Ковачевски за улогата на Движењето БЕСА во Собранието се несериозни изјави и го покажуваат пристапот на актуелната власт дека сакаат се да помине низ силата на бројките, купените пратеници или искривена волјата на граѓаните, реагирааат од БЕСА на изјавата на Ковачевски.
Движењето БЕСА е конструктивна опозиција која целосно го соголи хибридниот режим на СДСМ и ДУИ, па како ќе се однесуваат пратениците од Движењето БЕСА во Собранието не е работа на премиерот Ковачевски. Односот на силите, особено преку комисиите во Собранието е поставен во 2020 година и каква било промена треба да се направи дури откако ќе се одржат парламентарни избори и ќе дојде нов пратенички состав во Собранието.
Доколку господинот Ковачевски се увери дека има мнозинство, го повикуваме да го прифати предизвикот на опозицијата и да оди на предвремени парламентарни избори, дотогаш може да „ужива“ во задачата што ја презеде како премиер со мнозинство купено и уценувано. што не ја одразува политичката реалност на народната вољја.