среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Беса транс“ демантира: Автобусот на ниту еден начин немал багаж за шверц на бензин, нафта или пиротехнички средства

„Беса транс“ демантира: Автобусот на ниту еден начин немал багаж за шверц на бензин, нафта или пиротехнички средства

Компанијата „Беса транс“ демантира дека со aвтобусот од кобната несреќа во Бугарија се шверцувало гориво или пиротехнички средства.

-Како агенција ја известуваме целата јавност, семејствата на загинатите и повредените во трагичниот случај, дека автобусот на ниту еден начин немал багаж за шверц на бензин, нафта или пиротехнички средства. Сите овие шпекулации служат за злонамерни цели обидувајќи се одредени страни да преземат предност на трагедијата, вкупниот капацитет на автобусот бил 450-500 литри дизел за користење на самиот автобус, а во никој случај немало резерва за шверцерски цели. Уште еднаш ги замолуваме медиумите да не ја користат оваа дезинформација за уште повеќе да ги повредуваат членовите на семејствата, но и станува пречка за истражниот процес кој и официјално беше објавен, велат од „Беса транс“.

Најнови вести