четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Демант на ЈП „ЛАЈКА“ за објавен текст

Демант на ЈП „ЛАЈКА“ за објавен текст

Јавното претпријатие за бвлагосостојба на животните скитници Лајка ја демантира веста во која Стефан Кирков преку статус на Фејсбук пишува дека во организација на Данела Арсовска и Радмила Пешева се продаваат препарати за миленици на црно, без фискална и без надзор од стручно лице.

Од Јавното претпријатие велат дека ваквите тврдења се целосно неточни, манипулативни , паушални и незасновани на било каков доказ, и како такви дирекно биле насочени кон омаловажување на претпријатието и вработените.

Имено, како што велат од претпријатието, кутиите кои што биле поставени од страна на Лајка биле празни и поставени на штандот како рекламен материјал на барање на сопонзорот ВЕТПРОМЕТ ДООЕЛ, во знак на благодарност за донацијата која ја добило претпријатието непосредно пред настанот, за што можеле да потврдат истите согласно изјавата со бр.0302-281 од 17.10.2023.

Демантот на ЈП Лајка се однесува на веста „Кирков: Во организација на Данела Арсовска и Радмила Пешева се продаваат медицински препарати за миленици на црно, без фискална и без надзор од стручно лице“ и истата е отстранета од нашиот медиум.