петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Заловување бездомни кучиња во општина Ѓорче Петров

Заловување бездомни кучиња во општина Ѓорче Петров

Заловувачкиот тим на ЈП Лајка од денеска до 28 јули ќе започне со стратешко заловување кучиња во општина Ѓорче Петров, поточно, во реоните: Ѓорче Петров, Ѓорче 2, Даме Груев, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука …

Од ЈП Лајка информираат дека заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче коешто ќе го сретне во овие реони, а го нема поминато хуманиот третман.

-Доколку граѓаните од гореспоменатите населби имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите да се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или да пријават на [email protected], велат од ЈП Лајка.