Во знак на поддршка на населението погодено од катастрофалниот земјотрес, Македонски телеком овозможи бесплатни интернационални разговори и СМС-пораки кон Турција и Сирија за своите приватни и деловни корисници на фиксна и мобилна линија.
-Бесплатни се и повиците и СМС-пораките во роаминг на нашите корисници за време на престој во овие две земји во периодот од 10 февруари 2023 (00:00 часот) до 20 февруари 2023 (24:00 часот). На овој начин роднините на афектираните лица ќе можат полесно да бидат во контакт со нив. Дополнително, вака им се дава поддршка и на лицата коишто обезбедуваат помош на лице место, се наведува во соопштението.
Телекомот потсетува и дека граѓаните може да се солидаризираат со населението погодено од земјотресот со донација од 100 денари на бројот 143 400, кој е отворен во соработка со Црвениот крст.