По вчерашната собраниска седница на која се гласаше за доверба на Владата и истата беше изгласана може да се заклучи дека парламентарното мнозинство е послабо дури и од времето кога се констатираше самата Влада.
Тројцата пратеници кои што ја напуштија коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Амди Бајрам, Чедомир Саздовски и Јусуф Хасани излегоа како клучни пратеници кои овозможија Владата на Зоран Заев да има поддршка од 62 гласа во Собранието.
Без овие тројца пратеници парламентарното мнозинство брои 59 пратеници кои немаше да бидат доволни за да ја спасат Владата предводена од СДСМ и ДУИ.