сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Безбедно лето 2023“ – на подрачјето на СВР Тетово одржани 30-тина превентивно-едукативни и информативни средби на советодавните групи на граѓани

„Безбедно лето 2023“ – на подрачјето на СВР Тетово одржани 30-тина превентивно-едукативни и информативни средби на советодавните групи на граѓани

Отсекот за превенција на СВР Тетово ги заокружува планираните превентивно-едукативни и информативни активности со советодавните групи на граѓани, кои стартуваа во мај годинава.

Досега веќе се одржани триесетина средби на овие советодавни групи, на кои се расправало за три теми, и тоа: спречување пожари на отворен простор и шумски пожари, превенирање на употребата на огнено оружје и пиротехнички средства на свадбени и други семејни свечености и безбедно учество на земјоделската механизација во сообраќајот.

Полициските службеници на овој Сектор ги запознале членовите на советодавните групи како и што треба да прават за да се намалат ризиците од избувнување на пожари во летните месеци и во однос на употребата на оружје на свадбени и други свечености, а им укажале и на земјоделците на сите законски поединости околу безбедно движење на тракторите, комбајните и другата механизација од и кон полошките ниви по регионалните и локалните патишта. Советодавните групи на граѓани имале можност непосредно да се информираат и за законските импликации доколку не се почитуваат, односно се кршат одредбите на соодветната регулатива.

Во наредниот период вакви средби, чиј носител и натаму ќе биде Отсекот за превенција, предвидени се и со советодавните групи на граѓани во урбаните заедници на Тетово и Гостивар.

Најнови вести