петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бигорски манастир со традиционално одбележување на Илинден

Бигорски манастир со традиционално одбележување на Илинден

Свештената бигорска обител со традиционално одбележување по повод втори август, Денот кога се слави споменот на светиот и славен пророк Илија, како и 120- годишнината од херојското Илинденско востание, информираа од манастирот.

– Централното трожествено празнување ќе се одбележи со Света архијерејска Литургија во прекрасниот преродбенски храм на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец во село Лазарополе, која ќе почне во 9 часот. Со Литургијата ќе чиноначалствува нашиот старец и игумен, неговото преосвештенство епископ Антаниски г. Партениј , додаваат од Бигорски.

Исто така утре ќе се одржи и Доксологија – молитва за татковината што ја востанови токму владиката Партениј.

– Свечениот чин на Доксологија – молитва за татковината и за покој на паднатите за слобода ќе се одржи во соборниот храм на Свештената Бигорска Обител и започнува во 14 часот, додека филхармонискиот концерт ќе почне во 20 часот. Честит Илинден и од Бога благослов. На многаја лета возљубена наша Татковино, посакаа од Бигорски манастир.

Покана за што помасовно присуство на Литургијата упати и месната заедница Лазарополе.

-Повелете, бидете присутни на литургијата, сите заедно да се помолиме за здравје и спасение за сите и за се! Да се помолиме за сите оние упокоени души кои ги положија животите за ова Свето парче земја – Македонија, стои меѓу другото во повикот.

Како што за галичани важи „каде и да си за Петроведен во Галичник да си“ за лазороплчани тоа е Илинден. Веќе се пристигнати голем брј поранешни жители и нивни потомци. Неизоставен белег на одбележувањето ќе биде и групата Мајовци, чии што предци потекнуваат од ова село од каде се доселиле во Дебар.  (МИА)

Најнови вести