сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Го повредил соседот откако бил нападнат од него, уапсен маж во Илинден

Го повредил соседот откако бил нападнат од него, уапсен маж во Илинден

На 24.09.2023 околу 23:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Петровец го лишиле од слобода С.В.(37) од населба Илинден.

Тој се сомничи дека околу 18:00 часот со тврд предмет му нанел повреда на неговиот сосед А.П.(49), откако претходно, поради нарушени меѓусоседски односи, во својот дом бил физички нападнат од А.П..

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.