петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Биолозите, хемичарите, технолозите и физичарите со забелешки на најавените реформи на Царовска во образованието

Биолозите, хемичарите, технолозите и физичарите со забелешки на најавените реформи на Царовска во образованието

Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичари и технолози на Македонија (СХТМ) и Друштвото на физичари на Македонија (ДФРМ), со писмо до министерката за образование и наука, Мила Царовска, порачуваат дека тие поддржуваат реформи во образованието по предметот природни науки, но оти во процесот треба да бидат вклучени стручни лица и истите реформи да не се прават избрзано.

Во нивното писмо до министерката меѓудругото се наведува:

…би сакале да укажеме дека реформи не треба да се планираат:

– без вклучување на компетентните домашни стручни лица и директните учесници во реализацијата на наставата од самиот почеток во креирање на концептот,

– без доволно време за:
– подготовка на предметни програми за еден предмет во рамките на целиот образовен циклус како целина, особено ако се планираат поголеми измени,

– подготовка/обезбедување на потребните материјали и учебни помагала

– опремување на лаборатории во училиштата,

– соодветни обуки за наставниот кадар за изведување настава на нов начин и во нови услови.

Убедени сме дека како Министер сте свесна дека воведувањето на избрзана и недоволно осмислена реформа во образованието води до повеќе проблеми отколку придобивки и покрај ентузијазмот и добрата волја со кои започнува! Историјата на промените во образованието кај нас укажува дека избрзаните реформи најчесто негативно влијаат на знаењата на учениците, особено по предметите од групата на природни науки, физика, хемија и биологија.

Писмото е потпишано од Претседателите на МБД, СХТМ и ДФРМ.

Најнови вести