сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бишевац: Резултатот од владеење на СДСМ и Заев е хибриден режим и 106 место на индексот на корупција

Бишевац: Резултатот од владеење на СДСМ и Заев е хибриден режим и 106 место на индексот на корупција

Може да има мало влијание, но секако нема да биде решавачко за резултатот на овие избори, вели поранешниот пратеник и новинар Сафет Бишевац во гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија, за мини извештајот од Европската Комисија за напредок на државата и за можното добивање на датум за почеток на преговорите на Република Македонија со Европската Унија.

-Погледнете ги оценките на влијателни меѓународни организации или агенции за степенот на слободата во земјата, ние се уште сме во групата на делумно слободни. Македонија е хибриден режим, се наоѓа на 106 место според индексот на перцепција на корупцијата. Тоа се резултатите на владеењето и тоа резултатот на управувањето на државата и општеството во овие речиси три години, истакна Бишевац.

Во однос на судската пресуда на главниот уредник на медиумот Инфомакс Александар Митовски, Бишевац рече дека не се согласува дека не е во ред да се бара
одговорност од страна на новинар, бидејќи на тој начин се испраќа ужасна порака и до останатите новинари да не објавуваат документи од јавен интерес.

-Ние имаме судска пресуда за казна затвор од 6 месеци на новинар. Не навлегувам јас колку е точно тоа што тој го пишувал во неговиот медиум, патем и јас бев еден од тие кои што беа жестоко напаѓани од страна на тој медиум, но не можам да се согласам дека ова е времето каде што новинарите треба да лежат затвор и дека тоа е одговорот на власта кон тој новинар. Ужасното е што се испраќа ужасна порака кон оние кои што би можеле да дојдат во ситуација да се прашаат дали да го објавам или да не го објавам документот кој што е од јавен интерес. Наместо власта да си расчисти како тој документ излегол од судот да се расчисти кои ги преслушувал обвинителите во обвинителството, да се расчисти тоа кој го пушти Никола Груевски да избега од државата, како е можно да нема никаква одговорност во државата. Тоа е таа политичка неказнивост, посочи Бишевац.

Најнови вести