-Заев беше на чело на реформите во правосудството и ако некој сноси вина за немање ни Р во правосудството тоа е Зоран Заев и очигледно министерката Дескоска која Заев сега ја шутна од владата заради тоа што не направи ништо, вели аналитичарот Сафет Бишевац во емисијата Само вистина на Канал 5, додавајќи дека е убеден дека сегашниот министер за правда Бојан Маричиќ нема да ги направи потребните реформи во правосудството бидејќи е потребна сериозна политичка волја а која во оваа држава се уште ја нема.
-Јасно е дека таму нема реформи. И не сум сигурен, туку убеден сум дека Бојан Маричиќ нема да може да ги направи реформите во правосудството затоа што за тоа е потребна сериозна политичка волја која во оваа држава се уште ја нема. Таа политичка волја зависи од договорот меѓу СДСМ и коалицијата и ДУИ, додаде тој.
Според Бишевац, единственото остварено ветување во изминатите три години од СДСМ и Заев освен укинувањето на радиодифузната такса, е лагата.
-Единствената константа во ветувањата и во целото работење на СДСМ во изминатите три години освен укинувањето на радиодифузната такса е лагата, рече тој.