понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Битиќи откри дека ДДВ викенд ќе има после август кога влијанието на корона кризата ќе биде најмало, тогаш зошто Заев бара избори сега?

Битиќи откри дека ДДВ викенд ќе има после август кога влијанието на корона кризата ќе биде најмало, тогаш зошто Заев бара избори сега?

Голем број граѓани се израдуваа дека при набавките уште овој викенд од сметката ќе им се минусира пресметаниот ДДВ.

Но, според Фатмир Битиќи од СДСМ, советник по економски прашања во кабинетот на премиерот, викенд без ДДВ ќе има дури кон крајот на август или почетокот на септември, а одбивањето на данокот нема да биде толку едноставно, на самата каса.

Како што појасни тој на вчерашната прес-конференција, мерката „Викенд без ДДВ“, всушност, ќе биде поголем поврат на данокот и тоа преку апликацијата МојДДВ на УЈП, што значи дека оние кои сега не скенираат сметки, ако сакаат да пазаруваат на викенд без ДДВ ќе мора да ја симнат.

-Ова е мерка која се предвидува да се реализира кон крајот на август и почетокот на септември, со очекување дека пандемијата ќе спласне. Секако, ако во тој период има такви препораки за негрупирање, ќе се види кога е најпогодниот момент за тоа да се реализира. Нема да креираме мерка која што ќе ги загрози животите на граѓаните. Ова не е некоја нова активност која не е направена и во други земји. Само корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“ ќе можат да учествуваат во нејзе и само продуктите кои единствено тој ден ќе се продадат и ќе имаат фискална сметка влегуваат во овој пакет на викенд без ДДВ, истакна тој.

За тогаш е планирана оваа мерка бидејќи како што рече тој, најмало ќе биде влијанието на коронавирусот. Ако ова го знаат од Владата, зошто не бараат изборите да се одржат тогаш, туку притискаат што побрзо да ги втурнат граѓаните во таква опасност?

Битиќи рече дека со оваа мерка нема да се загрози здравјето на граѓаните, па затоа се планиора да се реализира кон крајот на август и почетокот на септември кога се очекува намалување на интензитетот на вирусот. Потенцира дека доколку и во овој период има препораки за негрупирање на граѓани, тогаш ќе се разгледа опцијата кога ќе биде најповолен момент за нејзина реализација.

Мерката која се ветува сега, а ќе важи за неколку месеци, изгледа на обид за манипулација на граѓаните.

Заев се брза да одржи избори додека земјава е во корона криза, па од таму е сосема јасно за што станува збор.

Најнови вести