Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ја социјалните мрежи објави тажна вест со која се прости од својата соработничка, Марија Мустачка.
-Со голема жал соопштувам дека ја изгубивме нашата колешка и пријателка, Марија Мустачка. И благодарам за нејзината посветена работа во Владата, како дел од кабинетите на четворица вицепремиери пред мене и за нејзината безрезервна доверба и поддршка на колегите и тимот.
Марија беше со ведар дух, секогаш полна оптимизам и отвореност за соработка. Упатувам искрено сочувство до нејзиното семејство, моите мисли се со вас. Нека почива во мир, објави вицепремиерот на Фејсбук.