недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Блинкен ја поздравува одлуката на Собранието

Блинкен ја поздравува одлуката на Собранието

Соединетите Американски Држави ја поздравуваат одлуката на Собранието на Северна Македонија да ги преземе следните чекори за пристапниот пат кон ЕУ, пишува државниот секретар на САД, Ентони Блинкен во писмена изјава.

-Ги препознаваме тешките размени направени во овој компромис, што го признава и почитува културниот идентитет на Северна Македонија и македонскиот јазик, се вели во изјавата.

Блинкен додава дека оваа одлука доаѓа во критичен момент за Северна Македонија, Западен Балкан и Европа.

-Европската Унија која го вклучува целиот Западен Балкан, вклучително и Албанија и Северна Македонија, ќе биде посилна и попросперитетна. Сега е време да се изгради моментум и да се работи на следните чекори, додава тој. (МИА)

Најнови вести