петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Боки 13 повторно во обвинителство во врска со кривичните пријави против функционери на СДСМ- ќе добива ли утре нови закани по живот?

Боки 13 повторно во обвинителство во врска со кривичните пријави против функционери на СДСМ- ќе добива ли утре нови закани по живот?

Утре Бојан Јовановски попознат како Боки 13 повторно ќе биде донесен во Основното јавно обвинителство во 09:45 часот каде ќе дава свој исказ во врска со кривичните пријави кои тој ги поднесе против десетици актуелни функционери на власта.

Како што веќе знае јавноста претходно додека Боки 13 беше во ОЈО и чекаше да биде сослушан лице непознато за адвокатот и од непознат број со мутиран глас му предочил дека треба да внимава што зборува пред обвинителот, а уште повеќе да внимава како се однесува неговиот клиент.

Во спротивно, Дуковски и Јовановски ќе треба да внимаваат на своите животи и животите на нивните семејства.

Инаку Бојан за време на пресудата и добивањето на деветте години затвор побара милионските пари од Рекетот да се бараат кај браќата Заеви.

Најнови вести