Премиерот Бојко Борисов во Берлин ја испрати вицепремиерката и министер за внатрешни работи, Екатерина Захариева, каде на покана на германското претседателство ќе оствари средба со преставници на Република Македонија, објави бугарскиот БГНЕС.
Целта на разговорите во германската престолнина е изложување на условите кои би можеле да бидат клучни за започнувањето на преговорите на РСМ со Европската унија.
Како што пишува бугарската агенција, од Захариева се очекува да ги престави веќе познатите тврди ставови на Софија, со што на Македонија ќе и биде оставено кратко време за размислување.
Од БГНЕС соопштуваат дека за оваа средба го контактирале бугарското МНР но не добиле никаков одговор.