среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Боцевски: Македонското општество со власта се растури, ВМРО-ДПМНЕ за да се средат работите предложи обединување околу европските вредности

Боцевски: Македонското општество со власта се растури, ВМРО-ДПМНЕ за да се средат работите предложи обединување околу европските вредности

„Ковачевски во координација со ДУИ излегува и вели еве ви даваме пет министерства, ДУИ вели не мора да сме ние во Владата меѓутоа условот да го направи тоа ВМРО-ДПМНЕ е да гласа уставни измени. Од страна на СДСМ сакаше да ги вовлече да гласаат и да ги шутне. Тоа беше планот на СДСМ и ДУИ“, истакна Ивица Боцевски во утринска емисија на радио „Лидер“.

Боцевски додаде дека планот на Ковачевски и ДУИ не им успеа.

„Нашето општество се растури на многу точки, се растури со Шарената револуција, со оние лудите активности на СЈО, не мислам на активностите за гонење на корупција, туку мислам на моментот кога СЈО се претвори во легло на корупција невидена во Македонија. Се растури општеството и со Преспански договор, сее растури со овој договорот со Бугарија, дури и моментот кога на еден луд начин беа донесени одредбите кои што воведуваат двојазичност во Македонија сето тоа го растури ова општество. Односно го раздрма општеството“, заклучи Боцевски.

Тој посочи дека затоа идејата на ВМРО-ДПМНЕ беше “ајде власта направила беља, глупост, ајде ада се средат работите каде што ќе се овозможи да се заштити македонскиот идентитет и да се чекори понатаму“.

„Идејата на ВМРО-ДПМНЕ е обединување околу европските вредности. Што би било тоа обединување околу европските вредност? Да нема веќе злоупотреба на европското знаменце“, нагласи тој.

Најнови вести