Искуството покажало дека мудрите потези не одат со брзоплетост, истрчување, непромисленост. И тоа како некогаш е потребно да се почека, да се размисли, да се погледне вистината во очи, да се каже гласно, порачува членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Божиновски.
Неговиот Фејсбук статус следува во продолжение:
„Ме радува фактот што деновиве ми се потврди она во што верував, дека ВМРО-ДПМНЕ со Претседателот Христијан Мицкоски има одлична иднина, а со тоа и нашата родина Мајка Македонија.
Потезите кои ги направи и кои ги прави го зациментираа мојот став кон него и кон 4 свети букви ВМРО, а последната црвена линија *Влада не по секоја цена* само ми го потврди погоре пишаното. Доста и се на Македонија изневерувања и понижувања, не заслужила сите да се откажат од неа. Има и такви што довека ќе бидат искрено со неа.
Второ што ми се потврди е дека “хиените” кои се вртеа околу партијата и кои се правеа верни и се колнеа на идејата, некако добија сила од ‘некаде’ (читај бизнис центар Муртино) и први се јавија против партијата и лидерот. Само да ги потсетам 11 години, ‘крв’ проплукаа искрените вмровци и патеа, беа деградирани, понижувани поради тие ‘хиени’. Да да, вие бедни хиени (не заслужувате ни во апостроф да ве ставам) залижани во скапи одела, и лаковани кондури, најтешкото кренато во животот ви е филџан кафе на ул.Македонија. Да не беа партијата и чесното членство да застанат зад вас, ќе бевте обичен шљам, како што и сте денес.
Трето што ми се потврди е дека имаме одлични и искрени луѓе и кадри во партијата кои се спремни со своите заложби и идеи да се вложат максимално за доброто и прогресот на државата, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
Четврто и што ми е најдраго, секојдневно се јавуваат млади луѓе кои се изневерени и погазени од бизнис фамилијата на “Црпнатиот од Муртино” кои ја продадоа државата, името и не оставија обезличени. Да, точно тие млади се иднината на државата и тие млади приоѓаат на партијата, со желба да дадат придонес за подобар живот во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и казна на “бизнис центарот од Муртино”.
На крај, иако има уште многу за пишување, ќе оставам овој статус да ги допре тие што ќе се најдат во него, и само да им порачам на сите искрени Македонци, тука сме и ќе бидеме заедно со лидерот Христијан Мицкоски, рамо до рамо со него и нема да ве изневериме, ниту вас, ниту Македонија!
П.С. Долга е раката на ВМРО“- порача тој.