Стотици тутунари на голем пpoтecт денеска во Прилеп го искажаа својот револт поради катастрофалните откупни цени на тyтyнот.
Протестот кој започна од пред споменикот “Прилепски бранители” по булеварот “Гоце Делчев” заврши пред општина Прилеп.
Тутунарите од Прилеп и прилепско извикуваа “Уааа” кон општинската зграда, а со себе носеа и трактори како и примероци од нивниот труд и мака.
Забележително беше дека присутни беа тутунари од сите етникуми, Македонци, Албанци, Босанци, Турци…
Сите заеднички и сложно се спротивставија на омаловажувањето на нивната земјоделска мака, која значи егзистенција за илјадници семејства во овој регион.
Тутунарите најавија и блокирање на откупните центри и вагите од утре, доколку се продолжи откупот по истите цени.
Извор: Маркукуле.мк