сабота, 20. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Брнс се сретна и со Димитров: Да се искористи моментумот кон отворање нови перспективи за државата

Брнс се сретна и со Димитров: Да се искористи моментумот кон отворање нови перспективи за државата

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мери Брнс откако денеска му ги предаде акредитивните писма на претседателот Стево Пендаровски, се сретна и со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на кого му даде копии од на акредитивните писма за нејзино именување за амбасадор на САД во Македонија.

-Важно е да се искористи овој моментум кон отворање нови можности и перспективи за државата, рече Брнс и изрази задоволство од можноста да работи и лично да придонесе во зајакнувањето на односите меѓу двете држави.

Инаку, Кејт Мери Брнс е дипломат веќе 26 години. Како амбасадор во земјава доаѓа по нејзината функција заменик шеф на мисијата на САД во Атина. Претходно беше постојан претставник на мисијата на САД на ОБСЕ во Виена.

За време на сослушувањето во сенатот, Брнс кажа дека работата на амбасадата ќе се фокусира на три области: ќе промовира стабилност низ силни институции, ќе работи на зајакнување на безбедноста преку партнерство и ќе работи на поттикнување на просперитетот преку позитивно влијание.

Нејзиниот претходник беше Џес Бејли кој си замина од функцијата во февруари оваа година.

Најнови вести